Реклама

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Македонија

Охрид празен, но еднакво волшебен за празнувањето на Христовото воскресение

Сред глува тишина,силно одекнаа црковните ѕвона во градот –чувар на македонското православие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сред глува тишина,силно одекнаа црковните ѕвона во градот –чувар на македонското православие . Бијат, ли бијат,разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение.Тој радосен глас на полноќ, беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин, во овој тежок период,соочени со заканата од опасниот вирус,кој го промени нашето битисување.

Централната богослужба и годинава се одржа овде на Плаошник во Свети Климентовиот храм,Свети Пантелемон.Но ова духовно светилиште е празено. Верниците своите молитви пред се за здравје, среќа и балгосостојба ќе ги упатат од своите домови.

На празничната литургија која ја одржа Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.Тимотеј со само неколку свештеници, сепак имаше десетина верници кои во време на полициски час излегле од дома за да бидат во божјиот храм.Тие вешто ја избегнуваа нашата камера, а ние пак ,можеби прв пат не настојувавме да нагренеме со прашања-оти зборовите станаа излишни. Но во еден поинаков амбиент како овој,кога нема реки од народ во црквите,ова беше единствена можност од блиску да се следи велигденската церемонија,нешто што ретко се доживува.Ова за нас беше Велигден на љубовта.

Реклама

Полека го напуштивме храмот на Свети Климент и од тој споменик на верата и убавината кинисаме по тесните калдрмисани сокаци во стариот дел на Охрид, каде се слушаа само нашите чекори.Кога помисливме дека ова ќе биде единствниот Велигден без да ги чуеме желбите на охриѓани, одеднаш чувме како некој ни довикува: За многу години,деца.Поинатавме кон домот на овој наш сограѓанин.

„Нема ништо,мртво дури ми е жал да ви кажам поштено.Велигден сега ќе си го правиме дома, ќе се молиме.Други Велигдени ќе дочекаме само здравје.Ќе запалите претпоставувам свеќа,за што ќе се помолите? Ќе запалам за Христос восресе, да ни даде здравје тоа е обичај наш ние сме христијани“ – вели Драган Богоески, жител на Охрид.

Овој Велигден во дел од црквите немаше празнична литургија,затворени беа портите дури и во еден од најзначајните средновековни споменици во Македонија -Света Богородица Перивлепта. Празнична атмосфера нема нити во градот,синоќа Охрид беше празаен, ривиерата ја заплискуваше разбрануваното езеро-кротко и питомо.

Росица Голабоска