Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Прв случај на коронавирус во Тетово, пациентот не сакале да го тестираат-семејството обвинува за пропусти во здравствениот систем

69 годишен маж е првиот случај позитивен на ковид-19 од Тетово.До моментот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

69 годишен маж е првиот случај позитивен на ковид-19 од Тетово.До моментот на неговото тестирање за коронавирусот,семејството поминало низ вистински маки, и како што тврдат, сериозни пропусти во здравствениот систем. Неговата ќерка за Алфа ја раскажува голготата. Пациентот е со хронични болести и неподвижен, по доживеан мозочен удар.Од 9 до 23 месецов бил сместен на клиниката за рехабилизација во Козле. За време на викендот добил силни главоболки и температура.Иако семејството барало веднаш да биде тестиран за Ковид-19,биле грубо одбиени,не само од персоналот во Козле, туку секаде каде што се јавиле.

-Барав од лекарите што беа потпишани на отпусното писмо, да го препратат како пациент со можност на коронавирус.Но, никој од нив не сакаше да се јави во соодветна инситтуција, затоа што наводно немале препорака за тоа.Се јавував на ало докторе, на телефоните од ЦЈЗ.. На сите броеви одговорот беше-не може да биде пациент со коронавирус затоа што бил хоспитализиран.. Конкретно со сите докторки што го водеа сум разговарала лично.Молење дури, дај ве молам јавете се вие пријавете, дајте насоки дека има главоболки и температура, немојте да се однесувате како со отпишан пациент.Буквално оставен во амбуланта во несоодтветни услови за неговата здравствена состојба, без никаква ефикасност, Наташа Алексовска, ќерка на заболениот.

Пациентот е тестиран вчера на инфективното одделение во Тетово,каде бил примен вечерта на 24-ти со влошена состојба.Тестот бил позитивен и веднаш бил препратен на инфективна во Скопје. Семејство тврди, дека токму поради неговата болест, периодов не било во странство и строго ги почитувале препораките за заштита. Не им е јасно каде се заразил.

Реклама

-Од 9 до 23 март значи он е во Козле, каде го добил вирусот не знаеме…Посета немал, освен од мајка ми која исклучиво заштитена одела таму, затоа што не примаа посети.Во собата биле сместени четворица пациенти, вели Алексовска за Алфа.

Денеска се земени брисеви на членовите на потесното семејство на пациентот и уште неколку други луѓе кои биле во контакт со него. Дадени им се препораки за самоизолација од 15 дена.

Милена Стојановска