Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Дезинфекција на објектите на АДСДП

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција на 20 социјални згради лоцирани низ целата територија на државата, 4  катни гаражи со кои стопанисува, 11 подружници, како и Дирекцијата. Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19.

Како што стои во соопштението, станува збор за третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините. Средството кое што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е  и потполно безбедно за околината. Во насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради  истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија.

Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период, секако во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата, велат од АДСДП.