Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Македонија контра препораките на СЗО за масовно тестирање- имаме ли стратегија за справување со корона?

Дали владините мерки за заштита од коронавирусот се доволни? Контра препораките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали владините мерки за заштита од коронавирусот се доволни? Контра препораките на Светската здравствена организација, да има масовно тестирање за Ковид 19, во Македонија доколку имате некакви симптоми за коронавирусот, ќе треба матичниот лекар да одлучи дали е потребно тестирање.

-Секој еден пациент може да се јави или граѓанин кој што нема симптоми да се јави кај својот матичен лекар на кој што ќе ги каже своите симптоми, неговата анамнеза, односно епидемиолошка анкета. Согласно податоците матичниот лекар има електронски алгоритам кој што ќе покаже дали е потребно тестирање или не. И доколку е потребно кој е степенот на итност, изјави Филипче.

За разлика од нашата земја каде и да имате симптоми, може да поминете без тестирање за коронавирусот, СЗО препорачува секој и малку сомнителен случај да биде тестиран.

Реклама

-Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте. Против пожар не можете да се борите со затворени очи и не можеме да ја запреме ова пандемија, ако не знаеме кој е заразен, изјави Тедрос Абханон Гебрејесус, претседател на СЗО.

И домашните експерти велат дека државата не се справува најдобро со проблемите кои ги имаме во моментов. Експертот за кризен менаџмент, Златко Кесковски вели државата нема карантин, кој е најважен за спречување на ширењето на вирусот.

-Значи ние немаме карантин спремен евентуално кај што државата треба да вика овде би било карантин за справување со епидемии, овде би се евакуирал државниот врв ако има, тоа континуирано војска го менаџира. Меѓутоа, карантин нема, изјави Кесковски.

Голем број од земјите ги прифатија препораките на СЗО за масовно тестирање, а такво нешто најави и претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ каде од денска веќе започнаа и конкретни активности.

Матеја Петровски