Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

МИЦКОСКИ: ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА ГО ПОТПИША БАРАЊЕТО ЗА ЗАЕМ ОД ММФ, СВЕТСКА БАНКА И ДРУГИ СТРАНСКИ БАНКИ

Министерството за финансии, ќе зема кредит од над половина милион евра за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии, ќе зема кредит од над половина милион евра за справување со вирусот КОВИД-19. Бидејќи кредитот се зема во време на техничка влада, односно за истиот се потребни врзани потписи, барањето за заем освен од  министерката Нина Анѓелеска, добил параф и од заменик техничката министерка од редовите на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска преку социјалните мрежи посочи дека тие како партија нема да пишуваат писма до кредитобарателите како што тоа на времето го правеше СДСМ, бидејќи на компаниите и државата во овие кризни времиња и се потребни пари, затоа задолжувањето на Владата иако непопуларна,  е единствена опција во овој момент за да му се помогне на стопанството.

Барањето за заем од ММФ е во висина од 87 милиони евра, Светска Банка од 100 до 120 милиони евра, и од странските банки до 400 милиони евра.

Реклама

„ Многу поважно во овој момент се мерките кои ќе се воведат за да овие пари правилно се искористат и се помогне на компаниите. Уште еднаш ја повикувам владата да донесе мерка со која државата ќе покрие 50% од трошоците за вработените, плати и придонеси. Да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите бидејќи тоа е добро и за банките, но и да се излезе со детална програма на Владата и функционерите на власт за финансиско кратење на нивните привилегии и непродуктивни трошења.“ напиша Мицкоски на Фејсбук.

Воедно преку видео обраќање апелираше до граѓаните да купуваат македонски производи.