Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Надлежните уверуваат – Македонија е подготвена да се справи со корона вирусот

Нема простор за паника – будно се следи состојбата со коронавирусот во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема простор за паника – будно се следи состојбата со коронавирусот во земјава, смируваат од Светската здравствена организација. Од таму посочуваат дека македнските здравствени интситуции имаат капацитет да одговорат на заканата од коронавирусот.

“Ова е нов вирус и секојдневно се менуваат сознанијата. Ништо не е фиксно и секој ден учиме по нешто ново. СЗО е целосно подготвено да помогне за сè што треба. Населението треба да практикува респираторна хигиена и доколку не се чувствуваат добро, кашлаат или киваат, да се консултираат со доктор.“, – рече  Тавила

Дека се уште нема видлив ризик за евентуално ширење на корона вирусот во Македонија, потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

Реклама

“Го спремивме целокупниот здравствен систем, здравствениот кадар во однос на инфраструктурата, во однос на опремата. Чекор или два сме напред да се справиме со овој предизвик. Иако далеку сме од тој ризик ” – изјави  Венко Филипче.

Во меѓувреме,СЗО прогласи вонредна состојба на глобално ниво ,откако бројот на заболени и починати константно расте. – 213 лица ги загубија животите , над 9.700 се заразени, а повеќе од 130 лица се излекувани од коронавирусот.

Италија денеска прогласи вонредна состојба , откако се потврдија првите два случаи на заразени. Истовремено, В.Британија потврди дека двајца пациенти се заразени во Англија,а први слуачи на заразени од вирусот потврдија и Русија,  Индија и Филипините. Вирусот досега се рашири во САД, Австралија, Канада, Финска, Германија, Хонгконг, Јапонија, Непал, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати и во Виетнам.