Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Свет

Трамп: Не сакав да предизвикам, туку да ја запрам војната

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани не е изведено со цел да се предизвика конфликт со Иран, туку да се прекине војната.

– Ние презедовме акција за да ја запреме војната, не го сторивме тоа за да започнеме војна, рече Трамп вчера на Флорида, во првото обраќање пред новинарите по убиството на Сулејмани.

Тој додаде дека не бара промена на режимот во Иран, но дека земјата мора веднаш да престане со употреба на борци од други држави за да ги дестабилизира соседите.

Реклама

Трамп истакна дека се утврдени целите на можната одмазда на Иран и дека тој е подготвен да преземе какви било неопходни активности.

Американскиот претседател претходно изјави дека Сулејмани убил и ранил илјадници Американци за подолг временски период и планирал да продолжи со тоа.

Трамп на Твитер напиша дека „Иран никогаш не добил војна, но никогаш не изгубил на преговори“. Само неколку минути пред соопштението на американските официјалните институции за нападот врз Сулејмани на Твитер објави слика од американското знаме, без притоа да даде коментар.

Сулејмани, командантот на иранската елитна единица Кудс, беше убиен во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад.