Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Судирот меѓу САД и Иран опасно ескалира

Судирот меѓу САД и Иран ескалираше. Oткако иранскиoт генерал Касим Сулејмани беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судирот меѓу САД и Иран ескалираше. Oткако иранскиoт генерал Касим Сулејмани беше убиен во американски ракетен напад во Ирак, за ова Техеран се заканува со жестока одмазда а во земјата прогласена е тридневна жалост за убиениот генерал.

Американското министерство за одбрана соопшти дека наредбата за напад во близина на аеродромот во Багдад ја издал претседателот Доналд Трамп, како „чин на одбрана“. Се додава дека Сулејмани активно работел на планови за напад на американски дипломати и воени сили, а целта на американскиот напад е одвраќање на Иран од идни акции, аргументира Пентагон.

Непосредно по нападот, американскиот претседател Доналд Трамп објави твит без зборови, само со фотографија на американското знаме.

Реклама

Покрај Сулејмани, во нападот е убиен и еден од лидерите на проиранските народно-мобилизирани сили, Абу Махди ел Мухандис,Ирачкиот премиер Адел Абдел Махди изјави дека нападот ќе предизвика војна во земјата и во регионот.

“Убиство на ирачки воен командант, кој има официјална функција е агресија против Ирак, ирачкиот државен апарат, ирачката Влада и ирачкиот народ.” – посочи Махди

Мислењата за ликвидирањето на иранскиот генерал и лидерот на шиитските сили се поделени.

“Убиството на Сулејмани и Абу Махди ел Мухандис ќе ги елиминира корумпираните страни  кој го уништуваат Ирак.”- вели еден жител на Багдад.

“ Америка и Иран треба да ги решат проблемите надвор од Ирак ние не сакаме немири тука…бидејќи тоа не е корисно за нашата кауза. Овде на Плоштадот Тахрир не го славиме убиството на Сулејмани или кој било друг.” – рече еден од граѓаните.

Претходно оваа недела демонстрантите ја нападнаа американската амбасада во Багдад во знак на протест против воздушните напади на САД врз паравоени сили поддржани од Иран.Се смета дека убиството на Солејмани ќе донесе поголема ескалацијата на настаните во регионот од претходните американски операции во кои загинаа шефот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и лидерот на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.Односите меѓу САД и Иран се влошија откако Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Техеран во 2018 година по што ги зголеми санкциите врз Иран со цел да го спречи извозот на нафта.

Ања Василева