Шпанците утре излегуваат на предвремени парламентарни избори, по серијата политички и социјални кризи во земјата. Народната партија на Алберто Нуњез Фејо води во повеќето предизборни анкети.
Според истражувањето објавено во понеделникот, Народната партија и крајнодесничарската „Вокс“ заедно би освоиле 187 пратенички мандати, 11 повеќе од потребните за апсолутно мнозинство.
Социјалистичката работничка партија на премиерот Педро Санчез, според анкетите, може да се надева на 124 мандати. Доколку партијата „Вокс“ влезе во идната влада, тоа ќе биде прво учество на крајнодесничарска партија во шпанската извршна власт по крајот на диктатурата на Франко во 1975 година.
Премиерот Санчез ги распиша предвремените избори по поразот во Конгресот на 2 октомври, кога пратениците отфрлија два владини декрети за заштита на закупците и за регулирање на кириите.
Кризата ја продлабочи случајот со 87-годишната пензионерка која беше иселена од станот во Мадрид, во кој живеела од 1956 година. Пензионерката почина по две недели поминати во болница. Нејзиното иселување и смрт поттикнаа протести низ Шпанија.

