Рускиот претседател, Владимир Путин, ја пушти во употреба нуклеарната подморница „Перм“. Станува збор за првата руска подморница опремена со хиперсонични ракети „Циркон“ како стандардно вооружување.
Таа ќе ѝ се приклучи на руската Пацифичка флота и ќе помогне во одбраната на Далечниот Исток и делот од Арктикот што ѝ припаѓа на Русија.
Путин најави дека до 2030 година на морнарицата ќе ѝ бидат испорачани уште пет ракетни подморници. Русија за првпат ги употреби ракетите „Циркон“ во војната против Украина. Станува збор за ракети кои тешко се пресретнуваат.

