Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година. На денешното продолжение не беше прифатен ниту еден предложен амандман. Последен ден од комисиската амандманска расправа за предлог – буџетот за 2027 година е во понеделник. Претседателката на Комисијата Сања Лукаревска продолжението го закажа за 14 часот.
За предлог-буџетот беа поднесени 400 амандмани од кои поголем дел беа повлечени, а неколку се усвоени.
Во Предлог-буџетот за 2027 година вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 отсто повеќе во споредба со 2026 година, а вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 отсто во споредба со 2026 година.
Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со фискалната стратегија за периодот 2027 – 2031 година.
За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. Даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти. За социјални трансфери се предвидени 220,8 милијарди денари, што е зголемување за 4,1 проценти, од кои 123,8 милијарди денари за исплата на пензии или раст за 4,8 проценти во согласност со законското усогласување.

