Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Прилози

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Надлежните цврсто стојат зад новиот предлог модел на субвенционирање на студентскиот оброк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните цврсто стојат зад новиот предлог модел на субвенционирање на студентскиот оброк и не гледаат причина за протести, затоа што студентите ќе добијат повеќе права и пакет нови поволности. На овој начин студентите не само што не се оштетени туку напротив добиваат многу повеќе. Проектот се реализира со забрзано темпо, МОН е во постојана комуникација со претставниците на студентските собранија и уверуваат дека наскоро проблемот ќе добие соодветно решение.

„Оттука не гледам причина но секако тие имаат свое право, како ќе одлучат така иако повторувам не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе, да се крати нешто разбирам, ама ако се нуди повеќе токму затоа што еве гледате и самите тоа не е само декларативно.“– вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Од Министерството посочуваат дека освен што ќе се зголеми сумата на субвенциите за топол оброк на 4500 денари, главниот фокус е ставен на  подобрување на студентскиот стандард и условите во образованието.

Реклама

„Ние се трудиме да ги подржиме сите кои придонесуваат, водејки сериозна сметка со сериозни инвестиции, студентски домови, обезбедување на други услови, лаборатории, знаете колку средства вложивме во научно истражувачката работа, не гледам зошто некој би протестирал против повеќе.“– вели Јаневска.

Инаку Владата најави нов модел на субвенции и поволности за студентите преку ваучери кој би биле достапни на апликацијата „М-услуги“.  Од попусти и до 50 проценти за различни услуги, до бенефиции што нема да прекинат за време на летниот распуст, викендите и празниците, а со амбиции во иднина да се користат и надвор од Македонија. Пакетот привилегии нема да биде ограничен само на поддршката за топол оброк, а студентите ќе можат да го користат во текот на целата година.

Студентите пак инсистираат на итно зголемување на износот на студентскиот оброк, а во спротивно најавуваат дека ќе излезат на протест. Со постојното решение секој студент на картичка добива финансиска помош во износ од 140 денари на ден, односно вкупно 840 денари за целата недела.