Реклама

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Македонија

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до – 18 степени

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со наврнати над 20 литри на квадратен метар за 24 часа, а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува умерен, а наместа засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени.

И во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Според најавите од УХМР, во новата работна седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури скоро секаде ќе бидат под нулата, некаде дури и со утринска температура од – 18 степени. Наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, повремено умерен ветер од северен правец.