Реклама

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Македонија

Меѓународна конференција „QUO VADIS EUROPA 2026“ – посветена на иднината на европското проширување и етапната интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Либерално-демократската партија (ЛДП), во соработка со Европскиот Либерален Форум (ЕЛФ), Алијансата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Либерално-демократската партија (ЛДП), во соработка со Европскиот Либерален Форум (ЕЛФ), Алијансата на либерали и демократи на Европа (АЛДЕ) и Мрежата на либерали во Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), денеска и утре во Скопје ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Quo Vadis Europa 2026“, посветена на иднината на европското проширување и етапната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Како што информираат од ЛДП, конференцијата ќе собере пратеници, европратеници, политички лидери, истражувачи и експерти од повеќе европски држави, со цел да се отворат конкретни прашања за забрзување на европската интеграција и приближување на придобивките од членството до граѓаните уште пред формалното пристапување.

Првиот ден ќе го отвори претседателката на ЛДП и ЛИБСЕЕН, пратеничката Моника Зајкова, заедно со Балинт Ѓеваи од ЕЛФ. Во рамки на панелот ќе се одржи и презентација на резултатите од истражувањето на ЕЛФ и ЛИБСЕЕН – „Подготвеност наспроти прагматизам“, предводено од потпретседателот на Либералната Интернационала, Емил Кирјас, како водечки истражувач и висок политички консултант на проектот. Кирјас ќе ги презентира наодите за ставовите на регионалните либерални лидери во однос на пакетот на Европската комисија, етапната интеграција и реформите со конкретни временски рокови.

Реклама

Ќе се дискутира и за конкретните можности за рано вклучување во SEPA, „Roam Like at Home“/„Роаминг како дома“, европските транспортни и енергетски мрежи, како и европските одбранбени инструменти, со учество на претставници од нашата држава, Косово, Црна Гора, Хрватска, Унгарија и Европската Унија.

Вториот ден ќе биде посветен на владеењето на правото, институционалните гаранции и финансиската подготвеност за проширувањето. Меѓу учесниците ќе бидат секретарот за меѓународна соработка на ЛДП, Емир Ќориќ, пратеничката Маријана Пуљак од Хрватска, поранешниот црногорски министер за надворешни работи Миодраг Влаховиќ, српската пратеничка Андреа Беседес и Дејвид Чалмерс од Обединетото Кралство.

Завршниот дел на коференцијата, како што посочуваат од ЛДП, ќе биде посветен на усвојувањето на Скопската либерална декларација 2026, која ќе ги содржи регионалните либерални предлози за иднината на европската интеграција и ќе биде доставена до Европскиот совет во декември.  Обраќања ќе имаат европратеничката Ирена Јовева и потпретседателот на АЛДЕ, Малик Азмани преку видеообраќања, како и претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

-За ЛДП, европската интеграција не смее да биде бесконечно ветување и процес без рокови. Потребен е прагматичен и праведен пристап во кој реформите ќе се вреднуваат, а граѓаните ќе ги почувствуваат конкретните придобивки од Европа уште пред полноправното членство. Скопје треба да биде место од кое ќе се испрати јасна порака: Западен Балкан не бара кратенки до Европа, туку фер можност, јасни правила и конкретни придобивки за граѓаните. Европа мора да почне уште денес – наведуваат од ЛДП во најавата за настанот.