Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Уставниот суд го укина Колективниот договор и членот од Законот за култура, одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука за укинување на членот 78-љ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд утврди неуставност и донесе одлука за укинување на членот 78-љ од Законот за култура и на Колективниот договор во целина. Одлуката ќе стапи во сила од 1 април 2027, до кога партнерите во социјалниот дијалог ќе треба да подготват нов и законски издржан Колективен договор за вработените во културата. 

Ставот на уставните судии е дека во Колективниот договор и во Законот за култура не постои методологија за пресметка на платите и дека таа мора да биде утврдена како основа во самиот закон за потоа да биде детализирана, односно продлабочена во колективен договор. 

Во претстојниот период од пет месеци останува социјалните партнери да продолжат со дијалогот за склучување нов колективен договор, а Собранието да ги донесе соодветните измени и дополнувања на Законот за култура. 

Реклама

​- Мнозинството судии оценија дека е потребно да дадеме одложен рок на правниот ефект на нашата одлука затоа што сме свесни за последиците што ќе настапат доколку донесовме веднаш одлука и веднаш ја објавевме во Службен весник. На овој начин ние, во суштина, оставаме простор од безмалку пет месеци засегнатите страни, значи партнерите во социјалниот дијалог, Министерството за култура, синдикатите да седнат и да работат на нов колективен договор и притоа да ги имаат правните стојалишта од нашата одлука, соопшти попладнево на прес-конференција судијата Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд. 

Во однос на незадоволството од вработените во култуата, кои денеска протестираа пред Судот, Костадиновски рече дека го разбираат револтот и реакциите на вработените во културата и оти се свесни дека како Уставен суд „не секогаш носат одлуки што некому му се допаѓаат“.

– Но, нашата работа не е да носиме одлуки кои се популарни или допадливи за некого, нашата работа е да го чуваме уставниот систем, состојбата на уставноста дури и некогаш кога последиците од нашите одлуки се, во најмала рака, болни, истакна Костадиновски.

Татјана Васиќ-Бозаџиева, судија известител во овој предмет, укажа дека Собранието треба да преземе чекори за изменување и дополнување на Законот за култура во делот којшто е укинат.

– Потребно е во Законот за култура да се утврди методологијата за пресметка на платите, она што е, всушност, стандард за службениците односно вработените во јавниот сектор, вклучувајќи ги и културните работници, односно работниците во установите од областа на културата. Па, оттука, нашата одлука се однесува и на обврската на законодавниот дом, како и на понатамошно течење на колективното преговарање, односно социјалниот дијалог меѓу социјалните партнери, рече  Васиќ-Бозаџиева.

Појаснувајќи ја забелешката што доведе до одлуката, посочи дека треба да се систематизираат сите работни места и тие да се поврзуваат со степен на сложеност и коефициенти и да бидат утврдени во самиот Закон за култура. Како што рече, не постои доволно законска основа, нема формула, односно методологија за пресметка на плати. 

– Начинот на којшто сега е поставен членот 78-љ не дава основа и не дава никаква методологија за пресметка на плати. Во цитат кажано, гласи дека основната плата и додатоците на плати на даватели на услуги ги утврдува основачот на установата, а има многу, има безброј основачи на установите од областа на културата, со општ акт, во согласност  со прописите од работните односи. Така гласи формулацијата, додаде судијата. 

Посочи и дека од 8 април годинава донеле решение за поведување на постапката и засегнатите страни имале време да постапат по нивните правни стојалишта, додавајќи дека вообичаено е пократок периодот од донесување решение за поведување постапка пред Уставниот суд до конечната одлука. 

– Поради свесноста токму од последиците што ќе настапат од донесената одлука, оставивме простор социјалните партнери да го водат колективното преговарање. Дадовме доволно време досега и отсега имаат уште пет месеци на располагање, додаде Васиќ-Бозаџиева.

Колективниот договор во културата почна да се применува од 2020, а Законот за култура е донесен поодамна и имаше многу измени.