Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Од 1 декември отворен повикот за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“

Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги повикува граѓаните да се вклучат во манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ и да ги украсат своите домови во духот на новогодишната магија. Пријавувањето почнува на 1 декември, а ќе трае до 21 декември. 

Манифестацијата и оваа година има натпреварувачки карактер, односно Град Скопје и годинава ќе ги избере и ќе ги награди најдобрите во следните категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво новогодишно украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен деловен/угостителски објект и најубав расказ од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

-Јавниот повик „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“ почнува на 1 декември 2026 година и ќе трае заклучно со 21 декември 2026 година. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат во овој јавен повик, потребно е да испратат фотографии од украсените домови, дворови или деловни/угостителски објекти, заедно со податоците за сопственикот (контакт телефон и адреса) на [email protected], или по пошта на адресата булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, со назнака – За манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ 2027“. На истата електронска адреса или по пошта треба да се испратат и литературните творби од средношколците – информираат од Град Скопје.

Реклама

За сите дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3297 265, секој работен ден од 9 до 16 часот.
 
Пријавените објекти ќе ги посети жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои ќе ги оценуваат и пристигнатите писмени творби на средношколците.
 
Град Скопје ќе обезбеди и ќе им додели пригодни награди за најуспешните учесници во сите категории.