Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Европската перспектива на Западен Балкан во фокусот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, спроведувањето на неопходните реформи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, спроведувањето на неопходните реформи и јакнењето на регионалната соработка и добрососедските односи ќе бидат во фокусот на денешниот самит на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Охрид.

Домаќин на самитот е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар, и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

На самитот ќе учествуваат вршителот на должноста претседател на Србија – Александар Чупиќ, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина – Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, како и претседателите на Албанија и на Косово – Бајрам Бегај и Јустина Широка-Пула.

Реклама

Покрај европската интеграција и регионалната соработка, лидерите ќе разговараат и за актуелните европски и регионални предизвици, поврзувањето, прашањата за животната средина и создавањето подобри можности за вработување на младите.

Почетокот на состанокот е најавен за 11 часот, а за 14.30 часот е предвидена заедничка прес-конференција на Сиљановска-Давкова, Пирц-Мусар и Милановиќ.

Процесот Брдо – Бриони е регионална иницијатива основана 2013 година со цел да се поттикне интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и да се придонесе за стабилноста на регионот преку зајакнување на соработката и решавање на отворените прашања.

Последниот самит се одржа во октомври минатата година во Албанија кога лидерите усвоија заедничка декларација во која истакнаа дека добрососедските односи, регионалната стабилност и помирувањето се темел на европската иднина на Западен Балкан. Во декларацијата беше нагласена и важноста од заедничко соочување со современите безбедносни предизвици, киберзаканите и последиците од климатските промени.

Годинешниот самит првично требаше да се одржи во мај на Бриони, но беше откажан од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ поради заострувањето на односите меѓу Белград и Загреб. Причина за откажувањето беа изјавите на тогашниот српски претседател Александар Вучиќ за ракетните капацитети на Србија и неговите предупредувања за можни напади од Хрватска, Албанија или Косово.

Инаку, собирот во Охрид се одржува под засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во градот и околината, со физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите предвидени со протоколот за посетата.

Се спроведуваат мерки за обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот на трасите по кои ќе се движат возилата под придружба. Особено внимание е посветено на булеварот Туристичка во Охрид, дел од автопатот Охрид – Кичево, централното градско подрачје во Струга, регионалниот пат Струга – Дебар, како и на други улици и сообраќајници на кои не е дозволено запирање и паркирање моторни возила.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен и своите возила да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на сите учесници.

Состанокот на лидерите од земјите вклучени во Процесот Брдо – Бриони во Охрид го следат голем број новинарски екипи не замо од земјата туку и од регионот.