-Општина Карбинци почна со креирање на буџетот за 2027 година. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека граѓаните активно испраќаат свои предлози и идеи преку општинската веб-страница и социјалните медиуми. Жителите своите идеи ќе можат да ги презентираат и на претстојните отворени денови и средби во месните заедници.
-Генерално она што беше во планот за работа и во буџетот и во програмите на Oпштина Карбинци за 2026 година е речиси реализирано или е во една завршна фаза. Исплатени се субвенциите по основ на учениците, првоодделенчиња, средношкоци и студенти, како и новороденчињата кои што добиваат еднократна парична помош и тоа е реализирано. Проектите се завршени, останува уште еден проект, кој што има рок до крајот на годината, а тоа е набавка на машината за пробивање канализации, кој што е во соработка со Бирото за регионален развој, успешно е завршена тендерската постапка, очекувам до крајот на декември да биде испорачана оваа машина и да биде затворен и овој проект за оваа година-вели Паунов.
Градоначалникот на општина Карбинци додава дека до нив се пристигнати над 20 предлози за реализација на проекти во нивните населени места. Најголем дел од идеите се за подобра инфраструктура, нови паркови, игралишта, поголема хигиена и поставување видео-надзор на јавните површини, за да се зачува урбаната опрема, но и за поголема безбедност на граѓаните.

