Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Утринските температури над нула, најмногу врнежи во Лазараполе

Температурите утрово насекаде во земјата се над нула. УХМР соопшти дека 2…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Температурите утрово насекаде во земјата се над нула. УХМР соопшти дека 2 степена се измерени на Попова Шапка, 3 во Тетово, 5 степени во Крушево и Маврови Анови, 6 во Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Прилеп, Берово, Струмица и Лазарополе, 7 степени во Крива Паланка и Кавадарци, 8 во Охрид, Претор, Битола и Велес, 9 во Виница и Гевгелија, 11 во Штип, и 12 степени во Демир Капија.

Во изминатите 24 часа, најголемо количество врнежи е измерено во Лазарополе, 24 литри на квадратен метар, 22 во Пожаране, 18 во Маврови Анови, 14 на Попова Шапка, 12 во Тетово, 8 во Претор, 7 во Крушево, 6 во Охрид и Битола, 2 во Тополчани и еден литар врнежи на квадратен метар во Прилеп, Берово и во Велес.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на квадратен метар за 24 часа). По одделни котлини и на некои повисоки места ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Реклама

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.