Реклама

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија

Мицкоски: Попуст за стан и ослободување од комуналии и за брачни двојки со еден партнер до 35 години

Мерките за купување стан со 20 отсто пониска цена од просечната или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерките за купување стан со 20 отсто пониска цена од просечната или ослободување од комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 35 години се прошируваат со можност барем еден од брачните партнери да биде до 35 години – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

На собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање на Велика Стојкова-Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека двата специјални закони се во изработка и оти очекува во декември да бидат пред пратениците, а од следната година да почнат да се имплементираат.

– Се разбира, имаме многу предизвици. Се сеќавате, во минатото нè навредуваа, нè напаѓаа, измислуваа дека сме заштитници на градежната мафија, на олигарсите, па ние сме ги бетонизирале Скопје, Македонија и така натаму. Истите тие што беа против, истовремено се за сѐ. Приближно така функционира пораката што доаѓа од опозицијата. Значи, ние сме против градење, против пруги, против рудник за антимон, хидроелектрани, дата-центри, против сѐ, но истовремено сме за сѐ. Граѓаните тоа го гледаат и затоа не им ја даваат довербата затоа што се свесни дека тоа што тие го кажуваат нема логика. Затоа што знаат дека на овој начин се обидуваат практично да добијат глас повеќе – истакна Мицкоски.

Реклама

Појаснувајќи ја првата мерка, со која брачен пар до 35 години или најмалку еден член во таа брачна заедница да е на возраст до 35 години, ќе стекне право да користи 20 отсто попуст на станбена површина во споредба со просекот од претходната година за таа катастарска општина. Притоа изнесе бројки од анализата на Агенцијата за катасар и недвижности за првите три квартали од оваа година.

– Во првите три квартали во катастарска општина Центар просечно квадрат се продавал пза1.915 евра. Толку катастарот има заведено. Сега дали градежните компании продавале по таа цена, не продавале – не знам, но толку стојат во договорот и толку платиле данок. 1.915 евра, 20 проценти попуст, тоа значи дека в година оној што ќе сака да добие дозвола за градба на станбена единица, мора најпрвин да оддели 10 отсто станбена површина за овие луѓе што ги исполнуваат условите во согласност со законот и тогаш квадратот ќе биде 1.530 евра – појасни Мицскоски.

Во Карпош просекот евидентиран во Катастарот во првите три квартали е 1.386 евра за квадрат. Со попуст тој би бил 1.110 евра за квадрат. Во Охрид просекот бил 1.138 евра, а со попуст цената ќе биде 911. За Струмица 751 евро, а со попуст ќе биде 601 евро за квадрат за брачен пар до 35-годишна возраст. За Битола просекот во првите три квартали од оваа година е 525 евра за квадрат, а со попуст ќе биде 420 евра. Во Кавадарци просекот е 795 евра за квадрат, со попуст тоа е 636 евра. Во Гостивар просекот е 635 евра, со попуст ќе биде 508 евра. Во Тетово просекот во Катастарот е 785 евра, со попуст ќе биде 627 евра, а во Штип просекот е 810 евра, а со попуст ќе биде 648,5 евра за квадрат. 

– Ова ќе бидат цените со кои оние што ќе ги исполнуваат условите ќе може да се стекнат со право да влезат во овој процес. Значи ќе повторам, нема да може градежната компанија да добие дозвола за градба доколку уште во процесот на урбанизација и проектирање не одвои најмалку 10 отсто од станбена површина, за оваа мерка за младите со која што цениме дека тие ќе го решат своето најгорливо прашање, а тоа е домувањето – подвеле Мицкоски. 

Во однос на втората мерка упати порака до ЗЕЛС и до градоначалниците да парцелизираат и да урбанизираат површина на која што потоа преку јавно наддавање, а вели, силно ги советува да биде тоа јавно наддавање едно евро квадрат, да дозволат на брачни парови што ги исполнуваат овие услови да можат да се стекнат со имот и да ги ослободат потоа од комуналии ако градат куќа. 

– Цениме дека овие две мерки ќе додадат вредност врз квалитетот на живот на младите и оти на овој начин ќе се отвори еден вид ривалитет од општина во општина кои што практично се обидуваат да привлечат што е можно повеќе брачни парови кои што ги исполнуваат овие услови. Ги повикувам и градоначалниците да размислат и во овие 10 отсто дополнително да дадат попуст и тука во делот на комуналиите кои што се однесуваат за брачните парови кои што ги исполнуваат овие услови – истакна Мицкоски посочувајќи дека ќе го доразработат законското решение со Министерството за транспорт.