Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Доделени награди за енергетска ефикасност на домаќинствата во Куманово

Пет домаќинства од Куманово добија награди за спроведување мерки за енергетска ефикасност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет домаќинства од Куманово добија награди за спроведување мерки за енергетска ефикасност во домовите, во рамки на јавниот награден конкурс којшто го организираа општина Куманово и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ – Скопје.

На денешниот завршен настан на јавната кампања беа доделени пет вредносни ваучери за производи кои придонесуваат за подобрување на енергетската ефикасност на домовите, од кои еден е главна награда.

Наградите, како што информираа од општината се наменети за набавка на производи како топлинска изолација за надворешни и внатрешни ѕидови, ЛЕД-светилки, мерачи на потрошувачка на електрична енергија и паметни приклучоци кои овозможуваат далечинска контрола и поефикасно користење на електричните уреди. 

Реклама

Целта на конкурсот е да се промовираат мерките за енергетска ефикасност и нивните економски, социјални и еколошки придобивки за граѓаните.На завршниот настан присуствуваа секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска, раководителката на Одделението за заштита на животната средина и природата, Александра Георгиевска Протиќ, како и програмските координатори за енергија и клима во „Еко-свест“, Жарко Конески и Елена Николовска.