Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Општина Кисела Вода ја презентираше Годишната програма на проектот „Безбедно домување“

Во големата сала на Општина Кисела Вода денес се одржа презентација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во големата сала на Општина Кисела Вода денес се одржа презентација на Годишната програма на проектот „Безбедно домување“, пред голем број граѓани, претседатели на куќни совети и управители на станбени згради.

Настанот го отвори градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која истакна дека целта на оваа програма е системска едукација на сопствениците на станови за нивните законски права, механизми на управување и одговорности, со цел подигнување на културата на живеење и безбедноста во колективното домување.  

– Пред само неколку недели го започнавме проектот „Безбедно домување“ со една суштинска цел: да воспоставиме жива, директна и ефикасна комуникација меѓу вас и општинските служби. Преку електронската адреса [email protected], граѓаните редовно ни се обраќаат, пријавуваат состојби и бараат насоки, а нашите стручни тимови координирано постапуваат согласно своите надлежности. Праксата во изминатиов период покажа дека многу често проблемите во зградите не се резултат на негрижа, туку на непознавање: каде завршува надлежноста на општината, кои се обврските на управителот, а колкава е всушност моќта и одговорноста на самите сопственици. Затоа, улогата на нашите инспектори, кои денес се тука до мене, ја поставуваме на едно ново, партнерско ниво. Тие  се тука да едуцираат, да  ги разјаснат законските механизми и да покажат како најбрзо и најисправно да се постапи во секоја ситуација. Токму на тие темели ја изградивме годишната програма на „Безбедно домување“, која ја структуриравме во четири тематски единици – изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

Во продолжение на настанот, општинските инспектори детално ги презентираа четирите тематски единици од програмата, од кои секоја во претстојниот период ќе се реализира како засебна информативно-едукативна кампања:

„Безбеден топол дом“, кампања која започнува веднаш во декември, фокусирана на одржувањето на фасадите за поголема енергетска ефикасност, како и безбедносните мерки при користење новогодишни декорации и инсталации.

„Заедничка грижа за заедничкото“,  посветена на одржувањето на заедничките простории (ходници, скали, покриви, подруми)

„Домување без пожари“, насочена кон проодноста на евакуациските патишта и задолжителното редовно сервисирање на противпожарните апарати и хидрантите.

„Безбеден лифт“ – посветена на законската обврска за редовни месечни сервиси и годишни технички прегледи, како и правилно ракување со лифтовите.

Во наредниот период, преку секоја од овие четири кампањи, општинските служби ќе бидат директно на терен меѓу станарите, со цел законските правила да станат лесно применлива пракса за секое домаќинство.