– Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со заменикот шеф на Мисија во Амбасадата на Унгарија, Атила Фодор и вишата советничка за ЕУ, Кристина Тихањи.
Како што соопштуваат од Министерството за европски прашања, на средбата се разговараше за билатералните односи, европската интеграција на Македонија, реформската агенда и можностите за интензивирање на соработката во процесот на приближување кон Европската Унија.
-Трајков ја истакна важноста на искуствата на земјите членки во процесот на пристапување и нивната практична примена во реформските активности, со цел унапредување на институционалните капацитети и исполнување на европските стандарди. Беше потенцирана потребата од отворен дијалог и континуирана соработка со унгарските партнери во интерес на европската перспектива на нашата земја, стои во соопштението.

