Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Теодора Ефтимовска-Бојковска предложена за судијка на Уставниот суд

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на денешната 65-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на денешната 65-та седница едногласно ја предложи судијката Теодора Ефтимовска-Бојковска за кандидат за судија на Уставниот суд. Ефтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд – Гостивар.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, информира дека по констатирањето на оставката на судијата на Уставниот суд, професорот д-р Гоце Наумовски, на 20 јули 2026 година, потребно е да се избере нов судија. Тој посочи дека Комисијата, врз основа на своите надлежности, ја предлага Ефтимовска-Бојковска за оваа функција.

– Во членот 109 од Уставот е утврдено дека Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници. Собранието на Македонија на седницата одржана на 20 јули 2026 година ја констатира оставката на судијата на Уставниот суд, проф. д-р Гоце Наумовски. На негово место треба да се избере нов судија на Уставниот суд на Македонија. На денешната седница, врз основа на надлежностите што ги има Комисијата утврдена со одлука за основање постојни работни тела на Собранието, за судија на Уставниот суд на Македонија ја предлагам Теодора Ефтимовска-Бојковска, судија на Основниот суд – Гостивар – рече Сајкоски.

Реклама

Теодора Ефтимовска-Бојковска, како што информира Сајкоски, потекнува од Тетово. Таа во 1995 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1996 до 1998 година волонтирала, од 2008 година била избрана за судија во Основниот суд – Гостивар, каде што работела на предмети од граѓанската материја. Со одлука на Судскиот совет, во периодот од 2023 до 2026 година, била упатена да врши судиска функција во Основниот суд – Тетово, каде што работи предемти од истата област.

Според Сајковски, станува збор за искусен судија.

Предлогот беше усвоен со осум гласа „за“, без гласови „против“ и „воздржани“. На седницата беше разгледано и барањето на Лирим Сулејмани за остварување право на плата по престанокот на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад. Сајкоски предложи Комисијата да донесе решение во согласност со членовите 19 и 20 од Законот за платата и други надоместоци на избрани и именувани лица. Комисијата го усвои предлогот за остварување на правото на плата по престанокот на функцијата.