Бугарија како да се претвара во засолниште за криминалците од Македонија. По примерот со таткото на Ива Михаилова,кој избега во Бугарија за да не лежи затвор, па си ја повлече ќерката, слична приказна доаѓа и од Охрид. На површина излегоа информации дека и таткото на Горазд Петрески, малолетникот кој наводно бил малтретиран од полицајци заради тоа што бил Бугарин, веќе предходно се обидувал да избегне казна затвор на ист начин.
Таткото Бојан Петрески, кој е осуден на доживотен затвор за двојно убиство, барал казната да ја одлежи во Бугарија затоа имал нивна самосвест. Жалбата дури стигнала до Уставниот суд, кој побарал случајот да се доистражи. Откритието дојде откако Бојан ја подржа бугарската реторика за својот син, и ја демантираше мајката на Горазд дека тој не ни поседувал бугарски пасош.
- „Море племе едно, јас сум таткото на Горазд! Остај мајката, детето мое е пребиено пред куќа од полицајци со српски униформи во Охрид. Како не ви е срам, бе? Горазд е бугарски граѓанин и јас исто. Ќе одговарате! Цела национална безбедност од појќе држави е вклучена 4 месеци, незнаеф за сторителите“, напиша Петрески.
Инаку станува збор за случајот што го отрки Алфа телевизија кога Бугарскиот портал „Таралеж“ објави текст во кој се обиде да претстави дека момчето било нападнато од полицајците затоа што имал бугарска самосвест. Но, неговата мајка, во емисијата „колегиум„ на Алфа, јавно ја демантираше информацијата тврдејќи дека некој се обидува да го злупотреби нејзиниот син, посебно затоа што тој воопшто и немал бугарски пасош.
Инаку, таткото Петрески е осуден правосилно во 2017 година на доживотен затвор за двојно убиство ко го сторил во август 2014 година во Охрид. Убил сопстевник на ресоран и неговиот пријател, за новоден долг од 4,5 илјади евра. Уште во 2022 година, побарал да ја издржува казната во Бугарија, повикувајќи се на своето бугарско државјанство. Трансферот никогаш не се случил, ниту има информации до каде е случајорт.
За случајот пак со неговиот син, Полицијата поднесе кривична пријава за тројца полициски службеници, од кои едниот е српски државјанин. Тие се товарат за „малтретирање во вршење на службата“.
Случајот со таткото е речиси идентитчен со тој на Ива Михаилова. И таму, како и тука, нејзиниот татко избега во Бугарија откако во Македонија беше осуден за обид за убиство. Па потоа и неговата ќерка одеднаш се почуствува за Бугарка и избега до Македонија за да не биде осудена за сообраќјака со сртни последици. Скандал, во кој Бугарите целосно се заплеткаа.

