Започнал првиот час, започнало и пукањето – ученик со пушка влегол во средно училиште во Србија и почнал да пука во холот. Матурант од првата техничка школа во Крагујевац со малокалибарска пушка ранил хигиеничарка и уште една жена вработена во училиштето. За среќа веднаш по дојавата за пукањето, пристигнала полицијата која успеала за кратко да го совлада напаѓачот, а учениците биле евакуирани и никој од нив не е повреден.
„Учениците од првата техничка школа безбедно ја напуштија зградата во утринските часови имаше пукање, ученик од четврта година ранил колешка вработена во првата техничка школа, колешката не е во животна опасност, поради брзата реакција на минситерството за внатрешни работи, ученикот е уапсен. Се надеваме дека набргу ќе се вратиме на нормална настава“, изјави Немања Јоксимовиќ, директор на Првата техничка школа
Мотивот за пукањето засега е непознат, а директорот на училиштето посочи дека осомничениот ученик претходно не покажувал знаци на насилство и проблематично однесување. Т инејџерот го користел оружјето на својот татко, тврдат српските медиуми,. Истрагата треба да утврди како 17-годишникот дошол до пушката и дали тоа било соодветно обезбедено во семејниот дом.
Од српското министерство за образование информираа дека е формиран кризен штаб.
Денешното пукање во училиште во Крагуевац се случи три години по едно од најтешките злосторства во поновата историја на Србија. На 3 мај 2023 година, 14-годишен ученик со пиштолот на својот татко уби девет соученици и еден припадник на обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот беа ранети уште пет ученици и еден наставник.

