Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Мицкоски: Ќе се носи специјален закон за 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови, градежните компании остваруваа доволно профит со 3.000 евра по квадратен метар за стан

– Во Собранието ќе се донесе специјален закон за 20 отсто поевтини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Собранието ќе се донесе специјален закон за 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови и нема да има субвенции за градежните компании, затоа што доволно профит остваруваа со 3.000 евра по  квадратен метар, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

– Ќе донесеме закон во парламентот во кој ќе ги обврземе. Го разработуваме, денеска имавме состанок со луѓе од мојот кабинет и потпретседателот на Владата и министер за транспорт отприлика за опфатот. Најверојатно ќе биде специјален закон кој ќе дојде во парламентот – рече премиерот Мицкоски во интервју на една од националните телевизии.

Во однос на обвинувањата на опозицијата, премиерот Мицкоски посочи дека истите кои до вчера велеа дека Владата ги штитела градежните компании, сега велат дека им се земал профитот.

Реклама

– Повторно се создава една чудна порака која доаѓа најчесто од медиуми блиски на опозицијата и од самата опозиција. До вчера нè обвинуваа дека ги штитиме градежните компании, од вчера и денеска нè обвинуваат дека ќе го земеме профитот на големите градежни компании. Навистина понекогаш се чудам на пораките кои доаѓаат оттаму и затоа одбивам да ги коментирам – истакна Мицкоски.

За тоа како ќе бидат обврзани градежните компании, премиерот Мицкоски додаде дека 10 отсто од станбената површина е минимумот што ќе бидат обврзани да го овозможат за тие станови, а попустот од 20 проценти за млади брачни парови ќе мора да го овозможат, затоа што спротивно нема да добијат дозвола за градба.

– Во закон ќе биде сето регулирано, репер-цена ќе биде претходната година за таа катастарска општина во којашто се продавани, ќе го извадиме просекот и врз основа на тој просек ќе има попуст 20 проценти, инаку нема да добијат дозвола за градба, многу едноставно. Минимум 10 отсто станбена површина. Сè ќе биде разработено во законот и ќе има упатувачка норма кон подзаконски акти – посочи премиерот Мицкоски.

Запрашан дали ќе се субвенционираат градежните компании за овој попуст, премиерот Мицкоски нагласи дека нема потреба да има субвенција, доволно остваруваа профит по 3.000 евра по квадрат во Скопје.