Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Лекарската комора го осудува физичкиот напад врз доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

Лекарската комора објави дека најостро го осудува физичкиот напад врз доктор и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лекарската комора објави дека најостро го осудува физичкиот напад врз доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, што се случил на работно место додека ги извршувале своите работни задачи.

Ваквите акти на насилство врз здравствените работници се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз сите оние кои секојдневно, со посветеност и професионалност, се грижат за здравјето и животот на граѓаните. Недозволиво е докторите и медицинскиот персонал да бидат изложени на физичко и вербално насилство и да работат во услови на загрозена безбедност и нарушено достоинство, наведува Лекарската комора на нејзината фејсбук страница.

Лекарската комора, како што се посочува, постојано апелира дека физичкото и вербално насилството не смее да биде начин за решавање на какви било состојби или недоразбирања во здравствените установи. 

Реклама

-Бараме Министерството за внатрешни работи и надлежните правосудни органи итно и целосно да го расчистат случајот и најстрого да ги санкционираат сторителите, во согласност со законските одредби со кои нападот врз здравствен работник при вршење на професионалната дејност се третира како кривично дело, напад врз службено лице, за кое е предвидена и казна затвор до пет години. Истовремено, Комората ќе обезбеди целосна правна и психолошка поддршка за повредените колеги и очекуваме од сите здравствени установи и надлежни институции да преземат дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста на работните места на здравствените работници, стои во објавата.