Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втората половина на 2027

– Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

Одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на изградбата на автопатите и патната инфраструктура во западниот дел од државата, Мицкоски посочи дека делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани напредуваат согласно предвидената динамика.

Тој информираше дека е започната и изградбата на делницата Букојчани–Кичево, која треба да ги поврзе новите автопатски делници со автопатот Кичево–Охрид, со што ќе се заокружи патното поврзување од Тетово до Охрид.

Реклама

Во однос на продолжувањето на автопатот кон граничниот премин Ќафасан, Мицкоски посочи дека кај местото Требеништа е оставена клучка за продолжување на трасата, но дека за овој дел ќе треба да се разгледа алтернативно техничко решение.

Причината, како што објасни премиерот, е тоа што станува збор за подрачје кое е предмет на УНЕСКО, а согласно последниот извештај ќе треба да се бара решение што ќе ги земе предвид овие ограничувања.

Мицкоски најави дека автопатот Кичево–Охрид треба да биде пуштен во употреба до крајот на вториот квартал од следната година, додека целокупниот патен правец од Тетово до Охрид треба да биде завршен до 2029 година.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: