Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Постапката за „Алта банка“ е јавна и транспарентна

СДСM и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал.

Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери.

Реклама

Затоа, обидите на СДСM оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДСM и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните.

Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДСM, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба.

Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем.

Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДСM, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства.

Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДСM, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните.