Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Во Битола се одбележува 22 Ноември – денот кога во 1908 година е унифицирана Албанската азбука

Националната установа Музеј на Албанската азбука, денес со повеќе програмски активности го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа Музеј на Албанската азбука, денес со повеќе програмски активности го одбележува 22 ноември, денот кога во 1908 година во Битола, учесниците на историскиот Битолски Конгрес едногласно ја прифатија одлуката на Комисија за азбуката која утврди унифицирана Албанска азбука.

На Битолскиот Конгрес во 1908 година учествувале 32 делегати од Битолскиот, Скадарскиот, Јанинскиот и Косовскиот вилает, како и поединци интелектуалци од Софија, Букурешт, Констанца, од Скопје, Ресен, Охрид, Дебар, Корча, Елбасан и други градови, кои на крајот од Конгресот утврдија решение за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик.

-Одбележувањето на Денот на Албанската азбука се одвива неколку денови со пригодни манифестации, поетски читања, изложба, научна конференција и присуство на бројни посетители од државата и странство кои ги погледнаа постојаната изложбена поставка во Музејот со 51 фотографии на кои се претставени личностите кои придонесле за развојот на албанската азбука, потоа восочните фигури на членовите на комисијата, фотографии на личности учесници на Битолскиот конгрес и 58 документи меѓу кои автентична копија од Одлуката за прогласување на азбуката на албанскиот јазик, потпишана од учесниците на конгресот, изјави за МИА, Нуер Арслани, директор на НУ Музеј на Албанската азбука Битола.

Реклама

Во текот на денот, во Битола ќе престојуваат високи делегации од државата и странство кои ќе го посетат Музејот на Албанската азбука и воедно ќе го прослават 22 ноември, денот кој од 2007 година во земјава се слави како државен празник и е неработен ден за граѓаните на албанската заедница.