Реклама

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Прилози

Месец на машко здравје- бесплатни ехо прегледи за рана превенција за болестите на простата

Карциномот на простата е втор по малигнитет кај машката популација а четврт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Карциномот на простата е втор по малигнитет кај машката популација а четврт по смртност на светско ниво. Ризикот се зголемува по 50-тата година од животот, а и кај мажите со семејна историја на рак на простата велат лекарите. Иако погодува голем број мажи, добрата вест е дека ракот на простата може успешно да се излекува во 98 отсто од случаите доколку се открие во рана фаза. Бидејќи болеста најчесто е асимптоматска многу се важни превентивните прегледи  за рана дијагностика и излекување.

-Се прави еден длабински скрининг во суштина и можам да кажам дека минатата година од 80 прегледи кои што имавме откривме три карциноми навреме откриени фала богу и луѓето се адекватно згрижени–вели директорката на геријатрија др. Ленче Нелоска

-Превенцијата  дефинитивно е иднината на медицината. Лекарската комора не е само да ја поддржува континуираната медицинска едукација , не е само да ги унапредува професиноналните стандарди и лекарската професија туку и да води една активна грижа за јавното здравје–истакна преседателот на Лекарската комора прф. др. Никола Јанкуловски.

Реклама

Лекарите  апелираат да не биде грижата само во месецот на машкото здравје туку тоа да го прават преку цела година особено мажите над 45 години, но велат не ги изоставуваат и младите.

-Еднаш годишно да се прави ПСА и ехо на уринарен тракт кај мажите постари од  45 години а кај тие што имаат фамилијарна анамнеза односно заболени во фамилијата од прво колено татко, брат, чичко тие прегледи треба да се прават и 5 години порано од 40 годишна возраст. Исто сакам да апелирам и кај младите деца односно кај тинејџерите и кај адолесцентите ако приметат промена на тестисите при само палпација да се јават да не се срамат даа кажат на родителите или да се јават на уролог– посочува урологот др. Дарко Марковски

– Во последните години две години, три еве ги следам пациентите и еднаш годишно обавезно ми доаѓаат на преглед меѓутоа не се стари да речам, имаме и млади, помлади пациенти затоа што тука многу често може да се јави воспаление некое на простатата , простатити некои други промени  и сето тоа доведува до почесто доаѓање, прегледување–вели Др. Марика Ивановска интернист и ехо дијагностичар

Инаку  Кампањата Movember секоја година  ја нагласува важноста на годишните прегледи за мажите вклучувајќи го и тестот PSA, кој може да помогне во рано откривање на ракот.