Реклама

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Прилози

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Исклучително тешка зима на енергетски план го очекува светот, но главна цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Исклучително тешка зима на енергетски план го очекува светот, но главна цел на Владата е да го одбрани животниот стандард на граѓаните и да не дозволи драстични скокови на цените на струјата парното и горивото. Ова е пораката на премиерот Христијан Мицкоски којшто неодамна се врати од работната посета на Берлин каде се сретна со високи американски претставници и германскиот канцелар Мерц.  По средбата, Мицкоски оценува дека глобалната состојба е неизвесна и не се очекуваат брзи поместувања. Тој нагласи дека иако сме мала земја, клучно е што сме присутни на таа маса за навреме да знаеме во која насока се движат процесите.

„Цело време предупредувам дека исклучително тешка зима го очекува светот. Гасот е трипати поскап, електричната енергија е поскапа за четири пати од тоа што беше, а резервите на гас во ЕУ се на најниско ниво во последните 15 години. Во Германија и низ цела ЕУ цените на горивата и струјата се драстично повисоки. Наша главна цел е да не дозволиме драстични скокови на цените на електричната и топлинската енергија и најуспешно во регионот да го заштитиме стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

За да се обезбеди стабилно снабдување со струја,  премиерот најави дека во системот ќе се вклучи и ТЕЦ Неготино. Појасни дека е направен економски модел преку АД ЕСМ – со комбинација на блоковите во РЕК Битола, хидроцентралите и увоз на поевтин јаглен од Косово – со кој загубите од зимата ќе се покријат преку заработката во текот на пролетта и остатокот од годината.

Реклама

Не само за стабилноста на цената на енергенсите. Владата се грижи и за растот на платите. Податоците на Државниот завод за статискика говорат дека реалната нето-плата е повисока за 5,2 проценти во однос на минатата година.

„Дали е тоа доволно? Не е, треба уште повеќе. Но, имајќи ги предвид сите предизвици, резултатот е многу добар. Денеска е подобро од пред три години, а за три години ќе биде уште подобро, затоа што немаме министри што жонглираат во кабинетите, туку имаме фокус и работа и покрај тешката состојба во светот“, заклучи Мицкоски.

Инаку, воените жаришта во светот предизвикаа сериозна криза поради растот на цените на енергенсите и инфлацијата. И покрај ваквата состојба од Владата уверуваат дека будно ја следат состојбата и се подготвени да реагираат за заштита на граѓаните.