Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Македонија

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски со отчет по повод една година од својата работа

Во присуство на стотици граѓани синоќа во Делчево за првпат се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на стотици граѓани синоќа во Делчево за првпат се одржа јавна презентација на отчетот за реализираните активности и проекти во првата година од мандатот на градоначалникот Иван Гоцевски, со примена на вештачка интелигенција како современа алатка за комуникација со граѓаните преку дигиталниот двојник на градоначалникот И.В.К.О.

На интересен и поинаков начин, ИВКО ги воведе присутните во презентацијата на отчетот, покажувајќи дека технологијата и вештачката интелигенција можат да бидат практични алатки и за отчетноста и спој на одговорното работење и современите технологии.

Презентирајќи ги резултатите од изминатите 12 месеци, градоначалникот истакна дека периодот бил посветен на решавање на долгогодишни проблеми, создавање услови за развој и отворање нови можности за граѓаните. Во фокусот на работењето биле инфраструктурата, урбанизацијата, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, културата и туризмот, како и унапредувањето на општинските услуги и транспарентноста.

Реклама

Посебен акцент беше ставен на инфраструктурните инвестиции, при што во Делчево се реализираат и инвестираат проекти во вредност од над 300 милиони денари, со поддршка од Владата, донатори и општинскиот буџет. Во изминатиот период се изградени и реконструирани над 5 километри улици и 5 километри регионални патишта.

Меѓу презентираните активности беа и новото структурирање на општинската администрација, воспоставувањето Совет на интелектуалци и Совет за развој на туризмот, интензивирањето на меѓуопштинската и меѓународната соработка, партнерството со бизнис-заедницата и вклучувањето на месните и урбаните заедници во локалните процеси.

Говорејќи за финансиското работење, Гоцевски се осврна на мерките за финансиска стабилизација, зголемената буџетска дисциплина и транспарентност, како и на судската одлука со која е овозможено проширување на месечниот минимум расположливи средства од 8 на 14,5 милиони денари.

– Оваа значи повеќе финансиски простор, поголема ликвидност и посилна можност за редовно извршување на обврските, реализација на проекти и одговор на потребите на граѓаните. По децении финансиски ограничувања, почнува полека да се одврзува Гордиевиот јазол од старите долгови што го кочеа функционирањето и развојот на Општина Делчево. Нашата цел е јасна: систематски да го намалуваме наследениот долг, да ја стабилизираме финансиската состојба и да ја вратиме финансиската слобода на Општината. Затоа што Делчево мора да има можност, не само да ги подмирува долговите од минатото, туку и да инвестира во својата иднина – нагласи Гоцевски.

Притоа, тој нагласи дека отчетот не значи дека работата е завршена, туку дека претстојат нови предизвици и обврски, со јасна заложба за отворена општина, одговорно работење и конкретни решенија во интерес на граѓаните.

–Вистинскиот отчет не е само она што сме го направиле вчера, туку она што сме подготвени да го направиме за утрешното Делчево. Делчево не смее да биде град на неискористени можности, туку град во кој секоја нова генерација ќе гледа причина да остане, да создава и да сонува. Затоа, не ја градиме само инфраструктурата на еден град. Ја градиме неговата иднина, ги чуваме неговите корени и создаваме нова причина за гордост на секој делчевец. Изразувам искрена благодарност до секој вработен во општинската администрација за посветеноста и вложениот труд, до советниците во Советот на Општина Делчево, како и до сите граѓани, институции и поединци кои со својата поддршка, идеи и ангажман придонесуваат за развојот на нашиот град. Заедно, продолжуваме напред! – порача Гоцевски.