Македонска црковна делегација, предводена од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, престојува во неколкудневна посета на Руската православна црква – Московска патријаршија, по повод 80-тиот роденден на Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Кирил.
Како што информираат од САС на МОЦ-ОА, посетата се реализира со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и ќе трае од 19 до 24 ноември.
Во составот на делегацијата, покрај Митрополитот Георгиј, е и Епископот Хераклејски г. Климент.
Во текот на престојот во Москва предвидено е заедничко сослужување со рускиот патријарх Кирил и со претставници на други помесни православни цркви, во храмот „Христос Спасител“.
Предвидена е и средба во резиденцијалниот Свето-Данилов манастир, каде што македонските архијереи ќе бидат примени од Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Кирил.
Во рамки на посетата, македонската црковна делегација ќе посети и неколку московски светињи.

