Реклама

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Македонија

Стојаноски: СДСМ поднесува амандмани за Буџетот за 2027 за работи кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги направила или ги прави

Каква трагикомедија! 225 амандмани за она што СДСМ имаше цели седум години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каква трагикомедија! 225 амандмани за она што СДСМ имаше цели седум години да го направи! Какво жестоко потценување на својот народ. СДСМ поднеле 225 амандмани на Буџетот за 2027 година, од кои дури 161 се однесуваат на општините.

И без исклучок, ама без исклучок сето тоа што го бараат во амандманите или е покачено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ или е почнато со реализација, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во кој реагира на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Но, се поставува едно едноставно прашање: Каде бевте и што направивте за овие потреби кога ја имавте власта?

Реклама

Во периодот 2018–2024, низ седумте буџети подготвени во време на СДСМ биле реализирани расходи (потрошени пари), 30 милијарди евра!

30 МИЛИЈАРДИ.

Во сегашната пратеничка група на СДСМ има:

– двајца поранешни премиери,

– седум поранешни ресорни министри,

– двајца поранешни вицепремиери и

– поранешен Претседател на Собранието, при што дел од нив извршувале повеќе функции.

Луѓе што не беа само пратеници, туку директно учествуваа во носењето одлуки, управувањето со институциите и подготовката и спроведувањето на буџетите.

Денес токму тие бараат дополнителни средства за проблемите кои тие личности ги создадоа. 
И за кои не направија ништо за да ги решат.

Малку срам да имаат.

Зошто овие прашања не беа решени тогаш?

Кои проекти ги започнаа, кои ги завршија и кои ги оставија нереализирани?

Секој амандман што носи вистинска корист за граѓаните заслужува сериозна расправа.

Но и седумте години владеење заслужуваат сериозна отчетност!

Ова потценување на народот ќе биде уште посилно казнето на наредните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива и принтскрин