Реклама

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Македонија

Тошковски, Велковски и Савески договорија итни мерки за постапување при семејно насилство

Министрите за внатрешни работи и за социјална политика, демографија и млади Панче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министрите за внатрешни работи и за социјална политика, демографија и млади Панче Тошковски и Ѓоко Велковски и државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска во Јавното обвинителство договориле конкретни мерки за зајакнување на меѓуинституционалната координација и итно постапување во случаите на семејно насилство.

На својот официјален фејсбук-профил, министерот Тошковски соопшти дека секоја пријава мора да биде сфатена сериозно, секоја жртва мора да добие навремена заштита, а секој сторител мора да се соочи со одговорност.

– Договоривме МВР веднаш по приемот на пријава да го известува надлежното обвинителство, по што јавниот обвинител ќе координира тим од полициски инспектори и стручни лица од центрите за социјална работа. Ќе се обезбедува итна процена на ризиците, потребните докази и стручни мислења, со цел брзо и ефикасно постапување, информира Тошковски.

Реклама

Во сите три институции ќе воспостават и постојано достапни контакт-точки за непосредна комуникација и координација, за да нема непотребни одложувања кога се загрозени нечија безбедност и живот. 

– Семејното насилство не е приватна работа. Тоа е сериозен проблем на кој државата мора да одговори одлучно, координирано и без одлагање. Наш приоритет е да ги заштитиме жртвите, да спречиме повторување на насилството и да обезбедиме сторителите навремено да бидат изведени пред лицето на правдата. Ниту една пријава не смее да биде потценета. Ниту една жртва не смее да биде оставена сама – додава Тошковски.