Реклама

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Економија

Дурмиши: Ако биде доставен предлог, Владата ќе разговара за ограничување на маржите на основните прехранбени производи

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На владина седница ќе се разговара за евентуално воведување мерки во однос на цените на основните прехранбени производи доколку секторот што е надлежен за овој сегмент достави таков предлог. Една од мерките би била ограничување на маржите – рече денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши.

На брифинг со новинарите Дурмиши истакна дека ситуацијата со цените секојдневно се следи и постојано се вршат инспекциски контроли на терен.  

– Ако според вработените во секторот од овој сегмент има предлог и ако цениме дека на крајот треба да одиме со дополнителни политики или дополнителни мерки за да им излеземе во пресрет на граѓаните, да ги намалиме цените, односно да ги ограничиме маржите на прехранбените производи, тоа како тема ќе се отвори на владина седница. Ќе се дискутира и со кој процент да одиме, кој е подобар. Кога тоа ќе биде предлог доставен во Владата, кога ќе се дискутира и кога ќе се одлучи, јавноста ќе биде известена со одлуките што ќе ги преземеме – напомена министерот. 

Реклама

Со досегашните владини мерки, потенцира, земјата се соочила многу добро со кризата.

– Знаеме дека има зголемување на цените, но граѓаните не ја почувствуваа многу кризата колку што ја почувствуваа во европските земји. И ова не е внатрешна криза, туку глобална. Имаме две светски војни, кои влијаат врз цените во сите земји, не само во нашата. Македонија, според Меѓународниот монетарен фонд, е меѓу првите три држави во Европа што ги преземаа најдобрите мерки во однос на справувањето со кризата, споредено со бруто-домашен производ по граѓанин. Иимаме најевтина цена на горивото и најниска инфлација. Дали се фалиме? Не, ќе работиме и понатаму. Дали имаме зголемување на цените овој месец? Да, имаме, особено кај овошјето и зеленчукот зашто се сезонски производи и нормално дека во овој период секоја година има зголемување. И понатаму ќе преземаме мерки, кои ќе бидат соодветни, за да им излеземе во пресрет на граѓаните и да го заштитиме животниот стандард – објасни Дурмиши.