Приватната здравствена установа- Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопердија „САНТЕ ПЛУС ГРУП“- Скопје, регира во врска со видеообјава на Фејсбук страницата на Алфа Телевизија насловена: „Сопствениците на привата клиника Санте Плус осомничено за злоупотреби во македонското здравство“. Од таму велат дека фактичката состојба покажува неосновано поврзување на ПЗУ „Санте Плус“ со предметната истрага.
-Категорично укажуваме дека ПЗУ „Санте Плус“ не е здравствена установа на која се однесуваат наводите за незаконски постапки и финансиски злоупотреби опишани во предметната видеообјава.
Особено укажуваме на фактот дека во ПЗУ „Санте Плус“ воопштно не се вршат операции на очи. Установата не врши оперативни зафати од таков вид, ниту обезбедува здравствени услуги кои би можеле да бидат предмет на наводна двојна наплата за операции на очи опишана во медиумските објави.
Оттука, сосема е неосновано и фактички неприфатливо името на ПЗУ „Санте Плус“ да се доведува во директна врска со наводни незаконски постапки при операции на очи, кога установата воопшто не ја врши таа медицинска дејсност, се вели во реакцијата на „Санте Плус“.

