Реклама

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Македонија

Општина Неготино објави конкурс за пет стипендии за најдобрите студенти во учебната 2026/2027 година

Општина Неготино ќе додели пет стипендии за најдобрите студенти во учебната 2026/2027…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Неготино ќе додели пет стипендии за најдобрите студенти во учебната 2026/2027 година.

Како што информираше градоначалничка Марија Нацева Општина Неготино денеска официјално го објави конкурсот за стипендирање на најдобар студент во учебната 2026/2027 година, при што ќе бидат доделени вкупно пет стипендии за студенти од оваа општина.

Станува збор за стипендија во висина од 6.000 денари – финансиски средства што се доделуваат во текот на девет месеци во годината, со услов студентот во моментот на пријавување на конкурсот да има завршено најмалку една година од студиите на високото образование.

Реклама

– Условите за учество на конкурсот се објавени на официјалната веб-страница на Општина Неготино, а сите заинтересирани студенти пријавувањето можат да го вршат во затворено плико, со сите потребни документи, до архивата на локалната самоуправа или по пошта со напомена „За комисијата за стипендија за најдобар студент“ во Општина Неготино, улица „Ацо Аџи Илов“ број 2 – Неготино – сподели градоначалничката.

Рокот за поднесување документи завршува на 27 ноември.

– Пријавата може да се подигне во архивата на Општина Неготино или преку официјалната веб-страница на Општината. Конечните резултати од конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Неготино, на социјалните мрежи на Општината и ќе бидат истакнати на огласната табла на локалната самоуправа – додаде Нацева.