Реклама

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Македонија

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Естонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Естонија со седиште во Будимпешта, Јана Ванамолдер.

На свечената церемонија, таа го истакнала примерот на Естонија во демократската транзиција, институционална модернизација и дигитална експанзија, како релевантен реформски модел.

– За претседателката, политичката и безбедносната соработка треба да се дополнат со економска, образовна, научна, културна и туристичка. Обете ја потврдија важноста на сојузништвото во НАТО, во контекст на актуелните безбедносни состојби и закани – соопшти Кабинетот на претседателката.

Реклама

Сиљановска-Давкова изразила благодарност за поддршката што Естонија ни ја дава на  евроинтегративниот пат.

Се заложила за преговори ослободени од билатерални услови, од идентитетска природа и за јасни, предвидливи и објективни критериуми, втемелени врз темелните европски вредности и постигнатите реформски резултати.

Амбасадорката Ванамолдер, како што соопшти Кабинетот на претседателката, укажала на неизвесноста на преговарачкиот процес врзан за билатералните прашања и изразила разбирање за регионалните заложби и нашите природни европски амбиции.

Таа потсетила на важноста на меѓусебната регионална поддршка за побрзиот процес на преговори и стекнување членство во ЕУ. За неа, европската иднина на регионот се гради преку партнерство, меѓусебно разбирање и проширување.