Компанијата dm drogerie markt ја заврши деловната 2025/2026* година со промет од 4,6 милијарди денари, за 24,38 % повеќе од претходната година, а бројот на купувања порасна за 14,59 %. Инвестициите надминаа 160,7 милиони денари. Отворена е една нова продавница и преуредени се три постојни, од кои две со промена на локацијата. Мрежата моментално опфаќа 24 продавници во 11 града во земјата.
На ниво на групацијата dm, во 14 земји е остварен промет од 20,98 милијарди евра, а вработени се повеќе од 100 000 луѓе.
„Развојот го градиме на доверба и долгорочни вложувања во вработените, иновациите и одговорното користење на ресурсите. Резултатите ги претвораме во конкретна вредност за купувачите, вработените и заедницата“, изјавија членовите на управата на dm drogerie markt Србија и Северна Македонија.
Подобрување на искуството при купување и дигитални иновации
Продажниот концепт е модернизиран со цел подобро корисничко искуство и појасна презентација на асортиманот. dm декотеките ја подобруваат прегледноста на декоративната козметика, а „dm секогаш поволно“ останува клучен дел од ценовната стратегија заснована на долгорочно поволни цени. На купувачите им е достапна понуда од повеќе од 13 500 производи, од кои повеќе од 4 000 се од сопствените dm трговски марки. Асортиманот беше збогатен и со бројни новитети, меѓу кои и од брендовите Balea, Mivolis, dmBio, Denkmit и babylove, како и од други брендови.
Во чекор со развојот на технологијата и сè поголемата примена на вештачката интелигенција, новите дигитални решенија наоѓаат примена и во внатрешните процеси. Microsoft Copilot се користи како поддршка во секојдневното работење и оптимизацијата на работните процеси, а паралелно се засилуваат и активностите за сајбер безбедност и заштита на податоците.
Вработени и признанија што го потврдуваат квалитетот на работната средина
На почетокот на 2026 година, бруто-платите пораснаа во просек за речиси 10%, а воведени се и дополнителни денови годишен одмор – од најмалку 22 до најмногу 30 дена, во зависност од годините на старост. Со повеќе од 340 вработени во Македонија, dm континуирано инвестира во професионален развој, подобри услови за работа и култура на отворен дијалог. Во текот на оваа година, Маја Петровиќ Колаковиќ, раководител за човечки ресурси и прокурист, е именувана за нова членка на управата за dm во Србија и Северна Македонија. Посветеноста кон вработените е потврдена и со признанието „Работодавач на годината 2025“ во категоријата трговија на мало од порталот Vrabotuvanje.com во рамките на настанот „Најпосакуван работодавач“.

Повеќе од 9,68 милиони денари за поддршка на заедницата
dm за активности од општествено значење издвои вкупно 9,68 милиони денари. Посебно место зазема иницијативата „Создаваме заедно иднина која инспирира“, конкурс на кој беа избрани 6 проекти, во чија реализација беа инвестирани повеќе од 3,73 милиони денари. Преку иницијативата „Giving Friday”, компанијата донираше речиси 560 илјади денари во хуманитарната организација „Свети Спас“, обезбедувајќи пакети со храна за социјално загрозени граѓани ширум земјата. Во 2025/26* во проектот „Никогаш повеќе сама“ беа донирани над 320 000 поединечни хигиенски влошки „Jessa“ во сите државни универзитети во земјата. Во 2025/26* беа засадени над 50 000 садници преку два проекта: масовно пошумување со волонтери „Пошумуваме заедно за позелено утре“ и конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за озеленување дворови на градинки, основни и средни училишта.
Грижа за здравјето преку едукација и превенција
Здравјето е приоритет за dm, која преку содржините и асортиманот одговара на потребите на купувачите, а во онлајн серијал на дигиталните канали стручњаци зборуваа за хормоналното и за менталното здравје, заштита од сонце, исхрана и превенција. На настанот „Bring your best friend“ повеќе од 130 учеснички разменија искуства за поздрави животни навики. Превенцијата беше поддржана со бесплатни дерматолошки советувања во рамките на летната кампања и со кампањата Movember за машкото физичко и ментално здравје.

Одговорно управување со ресурсите и енергетска ефикасност
Во деловната 2025/26* година dm продолжи со унапредување на системот за управување со енергијата, со опрема за мерење и анализа на потрошувачката на електрична енергија во 8 продавници на dm во Македонија. Посветеноста кон одговорно управување со енергијата е потврдена и со сертификатот ISO 50001, со важност до ноември 2028 година.
*податоците се однесуваат на период од 1.10.2025 до 30.9.2026

