Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Грчкиот бизнисмен Моисис бил мета на мрежата откриена во Македонија, по шестиот од групата се трага

Терористите уапсени во Македонија кои планирале атентат на грчки бизнисмен, се запознале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Терористите уапсени во Македонија кои планирале атентат на грчки бизнисмен, се запознале во турски затвор пред 2020 година. Алфа од извори во истрагата дознава дека двајца од групата, издржувале затворски казни за трговија со дрога во Република Турција. Таму се запознаваат со ирански државјанин,извесен Идриз а по излегување од затворот пред шест години, продолжиле да се среќаваат во други држави. Тоа ги поврзува со организаторот на мрежата, иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маванех.

Сите шестмина членови на терористичката мрежа претходно се поврзуваат со други кривични дела, а дел од нив се јавуваат како транспортери во рамки на меѓународна група од Македонија, Косово и Албанија која се бавела со шверц на хероин.  Крајни дестинации за испорака на дрогата биле Австрија, Холандија и Белгија. Честите патувања кои се дел од транспортот на хероин ги користеле и за средби.

Двајца од нив се поврзуватт и со трговија со оружје во Македонија , а за уште еден има индиции дека е поврзан со нападот на полициската станица во Гошинце во 2015 година. Неговиот телефон бил регистриран преку базни станици за време на нападот.

Реклама

Шестиот член од мрежата по кој уште се трага, според извори на Алфа, е во семејни врски со лице кое се бара со меѓународна потерница за убиство поради одмазда на припадник на единицата „Тигар“. Станува збор за случај од 2018 година а е поврзан со настаните околу антитерористичката операција „Планинска бура“.

Сите овие членови, кои се здружиле за атентатот во Грција добивале наредби од мозокот на операцијата, иранецот Едрис Јахангири Маванех, информација која беше обелоденета од македонски безбедносни служби. Маванех пак се поврзува и со други контроверзни ликови, кои работат во координација со државните ирански безбедносни служби. Меѓу нив е и иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндашти, кој е длабоко вмешан во меѓународниот организиран криминал. По него трага и американското ФБИ.

Цел на атентат кој го спремале бил грчкиот бизсмен Абрахам-Минос Моисис кој бил и поранешен претседател на Еврејската заедница во Атина. Моисис е дел од компанија поврзана со израелската одбранбена индустрија со долгогодишно искуство во корпоративниот и финансискиот сектор во Грција.

Наводно нападот требало да биде изведен така што ќе изгледа како пресметка, односно убиство мотивирано од криминални причини, со цел да се прикрие евентуалната поврзаност со ирански структури.

По тврдењата од израелските медиуми дека тамошните безбедносни служби помогнале во сречување на планот за ликвидација, иранската амбасада во Атина ги отфрли обвинувањата бидејќи како што велат станувало збор за кампања за дискредитација на Техеран.