Општина Охрид организира инфо ден за конкурсите од областа на културата, на кој заинтересираните граѓани, здруженија и установи ќе можат да се запознаат со условите и постапката за аплицирање.
Инфо денот ќе се одржи на 24 ноември (вторник), со почеток во 12 часот, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со условите, критериумите и постапката за аплицирање, како и да добијат одговори на прашањата поврзани со подготовката и поднесувањето на апликациите, информираат од Општина Охрид.
Конкурсите се објавени на официјалната веб-страница на Општина Охрид.
Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.

