Реклама

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

Прилози

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Сомнеж за еколошки криминал во Макстил.  Полицијата влезе во фабриката на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сомнеж за еколошки криминал во Макстил.  Полицијата влезе во фабриката на македонскиот производител на челик. Според информации на Алфа се вршат проверки на безбедноста на почвата и одредени суровини. Активностите ги спроведува единицата за криминал и корупциија при СВР Скопје по наредба на јавен обвинител.

-По добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје,  се врши контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторено кривично дело од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите, соодветно ќе ја известиме јавноста“, соопштија од МВР.

Компанијата потврдува дека полциските службеници ја истражуваат нивната работа и порачуваат дека се подготвени да соработуваат со надлежните служби за сите информации и  документи .

Реклама

Како компанија, посветени сме на транспарентно работење и остануваме отворени за комуникација со институциите, медиумите и јавноста.Макстил поседува А-Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно оваа дозвола компанија подлежи наконтроли од регулаторот.Во интерес на точно дефинирање на состојбите Макстил ќе продолжи целосно да соработува со надлежните органи во текот на проверките–информираат од компанијата Макстил.

 Инаку пред неколку месеци инспектори открија дека на плацот зад челичарницата „Макстил“ е поставена најлонска покривка врз мал дел од искинатите и оштетени џамбо-вреќи со филтерска прашина, за која што  според инспекциското решение отпадот требало да се препакува, а не само да се покрие. Државниот инспекторат за животна средина во февруари извршил вонреден надзор и утврдил дека опасниот отпад се чува несоодветно, што претставува ризик за животната средина.

Претходно пред речиси две години  Макстил,  го тресеше и друг  скандал кога турската Царина пронајде 800 килограми марихуана во камионите кои го превезуваа нивниот опасен отпад. Тогаш од компанијата демантираа дека имаат било каква врска со марихуаната и додадоа дека компанијата која го зема отпадот од Макстил се обврзува дека истиот ќе го продаде во земји каде е дозволен увоз и обработка на опасен отпад.