Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Тошковски во Дубаи ја прими наградата Excellence in Road Safety за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими престижната награда Excellence in…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја прими престижната награда Excellence in Road Safety, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“. Наградата му беше врачена на официјалната церемонија во рамките на Светскиот полициски самит 2026 (World Police Summit 2026) во Дубаи.

– Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот. Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво – наведува Тошковски во објавата на „Фејсбук“.

Министерот нагласува дека оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Реклама

– Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи. Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија! – пишува Тошковски во објавата.

Станува збор за значајно меѓународно признание за реформите што МВР ги спроведува во областа на безбедноста на сообраќајот. Проектот „Безбеден град“ претставува системски пристап кон унапредување на сообраќајната безбедност, кој ги обединува современите технологии, законските измени, автоматската детекција на прекршоци и дигитализацијата на постапките, со крајна цел намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи – наведува МВР во соопштение.

Во рамките на Светскиот полициски самит, Тошковски ја имаше честа да се обрати и на воведните обраќања пред меѓународни полициски претставници и учесници на самитот, при што ја нагласи важноста на меѓународната соработка во справувањето со современите безбедносни предизвици истакнувајќи дека иако надлежностите на државните институции имаат национални граници, последиците од нивното дејствување или недејствување ги надминуваат тие граници.

Како конкретен пример за успешна меѓународна соработка министерот ја посочи заедничката истрага на македонската полиција и ФБИ против нелегалната онлајн платформа OLVX, поврзана со трговија со украдени лични податоци и алатки за киберкриминал. Тој потенцира дека активностите преземени во Македонија придонеле за дигиталната безбедност на граѓани во САД.

– Големината на една држава не ја ограничува важноста на нејзиниот придонес. Една навремена информација, една успешна истрага или една спречена закана може да заштитат човечки животи далеку над нејзините граници – беше една од клучните пораки во обраќањето на министерот.

Од МВР посочуваат дека свеченото врачување на наградата претставува меѓународно признание за заложбите на македонската полиција за унапредување на сообраќајната безбедност, но и дополнителна обврска за продолжување на реформите, модернизацијата и воведувањето современи решенија во служба на граѓаните.