Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Општина Куманово објави оглас за избор на превозници за општинскиот линиски превоз од 2027 година

Општина Куманово објави оглас за избор на превозници и одобрување на линии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово објави оглас за избор на превозници и одобрување на линии и возни редови за општинскиот линиски превоз на патници за периодот од 2027 до 2031 година. Огласот опфаќа 18 линии на подрачјето на општината, како и два пакета со по две линии.

Пријавите, како што наведуваат од општина Куманово треба да се достават најдоцна до 3 декември годинава, до 12 часот. Со огласот се предвидува организирање превоз од повеќе населени места до Куманово, меѓу кои Проевце, Горно и Долно Коњаре, Доброшане, Карпош, Режановце, Лопате, Черкези, Биљановце, Умин Дол, Ново Село, Љубодраг, Речица, Орашац, Скачковце, Новосељане, Косматец, Мургаш, Кучкарево, Габреш, Пезово, Кшање, Кокошиње, Табановце, Сопот, Четирце, Пчиња, Вакв, Студена Бара и Костурник. Дел од линиите се групирани во два пакета. Првиот ги опфаќа линиите Романовце – Куманово и Бајрам Шабани – Бедиње, а вториот  релациите Бедиње – Тромеѓа и Куманово – Шупли Камен.

Заинтересираните превозници треба да имаат важечка лиценца за општински линиски превоз, соодветен број автобуси и комбиња со законски утврден еколошки стандардо и возила пристапни за лицата со посебни потреби. Во условите се бара и соодветен бројот на вработени возачи, паркинг-просторот и техничката исправност на возилата. Изборот ќе се врши според два критериума, еколошкиот стандард на возилата и бројот на поаѓања. Во огласот се наведува дека превозниците треба да понудат возни редови со кои ќе бидат опфатени сите автобуски стојалишта предвидени со општинската одлука. За линиите Доброшане – Зелен Рид – Индустриска, Ливаде Карпош – Железничка станица и Бедиње – Тромеѓа се бараат најмалку 15 поаѓања. Заинтересираните треба да ги поднесат пријавите  до Комисијата за спроведување на постапката за избор на превозници, во архивата на Општина Куманово.

Реклама

Надлежните претходно  донесоа нова одлука за уредување на општинскиот линиски превоз на патници, која ќе почне да се применува од 1 јануари 2027 година, а ќе важи пет години.

-Се спојуваат одредени линии од тие причини се намалува бројот на линии, но општината целосно ќе биде покриена со превоз- изјави претходно раководителката на секторот за комунални дејнсоти, Лидија Ланг Спасовска.