Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Македонија

Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција

– Морам да признам дека во последните две години откога сум јас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Морам да признам дека во последните две години откога сум јас директор на полицијата, имаме изградени силни и тесни врски, пред сè, со директорот на грчката полиција, мојот драг пријател Димитрос Малиос, со кој ги отворивме вратите и делот на оперативната соработка и делот на полициската соработка се на едно високо, врвно ниво – нагласи директорот за БЈБ, Александар Јанев, за грчката државна телевизија ЕРТ.

Во однос на разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција, Јанев објасни дека целта на нападот биле „лица и компании што егзистираат во Грција, односно во поголемите градови, вклучително и Атина“.

– Досега ние успеавме сето тоа да го спречиме врз основа на сите информации и дејства што ги презедовме и на територијата на нашата земја, меѓутоа и во тесна соработка со грчката полиција – посочи директорот на Бирото за јавна безбедност во изјава за ЕРТ.

Реклама

По откривањето на случајот со иранската мрежа, веста останува високо на агендата на грчките медиуми, а ЕРТ испрати и новинар во Скопје.

Државната телевизија објави дека „шефот на полицијата на Северна Македонија, Александар Јанев, говори за спречување сериозно криминално и терористичко дело“, а случајот го оценил „како особено чувствителен посочувајќи дека сега се очекува судската разрешница во однос на петтемина уапсени“.

– Паралелно, оцени дека доказниот материјал собран во предметот е доволен за поднесување сериозни обвиненија, за кои, во огласност со законодавството на Северна Македонија, предвидени се особено тешки казни – пишува ЕРТ.

Грчката државна телевизија објави и дека иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндапти со еден од петтемина уапсени наводно се запознал во турски затвори.

– Според последните информации, ова познанство беше почеток на регрутирањето и други лица. Во меѓувреме, властите на Северна Македонија, во соработка со грчката разузнавачка служба (ЕИП), трагаат по шесто лице поврзано со случајот, кое избегало во странство – објави ЕРТ.

Вчера, како што објави МИА, иранската амбасада во Атина преку „Икс“ соопшти дека ги отфрлаат „како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен терористички план на фактори што се поврзуваат со Иран“

Целиот случај со разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција и понатаму е меѓу главните теми за медиумите во Грција, кои пренесуваат информации повикувајќи се на свои извори или на други домашни и светски медиуми.

За лицето што било цел на напад/атентат во Грција преовладуваат неколку сценарија, едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето, пак, дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.

Сепак, за ниедно од овие сценарија не постои официјална потврда.