Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на трговскиот центар КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што биле евакуирани сите посетители на објектот.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, се работи за пожар на патничко возило.
На местото на настанот се присутни полициски екипи и пожарникари кои интервенираат.
Засега нема официјални информации за причините за избувнувањето на пожарот.

