Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со директорот за Европа Кристоф Исранг, во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, кој беше придружуван од амбасадорката на Германија во земјава Петра Дрекслер.
На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, биле потврдени добрите односи и партнерството меѓу двете земји, а биле разменети и мислења во врска со процесот на европска интеграција, неговото стратешко значење и предизвиците со кои се соочува земјата на овој пат.
_gOHMdauVW/large.webp?use_watermark=1)
– Претседателот Гаши ја истакна посветеноста и решителноста на Македонија за членство во Европската Унија нагласувајќи дека земјата покажала подготвеност да преземе значајни чекори и да направи големи компромиси во насока на остварување на оваа стратешка цел. Тој истакна дека европската интеграција повеќе не треба да се гледа само како политички и институционален процес, туку и како прашање на безбедноста и егзистенцијалниот интерес за иднината и стабилноста на земјата и регионот. Во таа насока, Гаши го нагласи значењето на континуираната поддршка од Германија и европските партнери за забрзување на процесот на проширување на ЕУ – се наведува во соопштението.
Директорот Исранг го поздравил ангажманот на РС Македонија во спроведувањето на реформите и ја потврдил германската поддршка за процесот на проширување на Европската Унија, нагласувајќи го значењето на европската перспектива за земјите од регионот.
_dd2oX1NlF/large.webp?use_watermark=1)
Соговорниците разговарале за актуелните случувања во регионот, придонесот на нашата држава во рамките на НАТО, како и за актуелните геополитички околности и нивното влијание врз европската безбедност и стабилност.
– Средбата уште еднаш го потврди значењето на континуираниот политички дијалог и соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на поддршката за европските аспирации на Македонија – се наведува во соопштението.

